Author: dino

Кошаркарот, Џоан Макунда, ја заврши кратката авантура во Кина и се врати во екипата на Монако. Тој ќе игра во финишот на сезоната во француското првенство. Црномурестиот играч пред два месеца си замина од Франција и го облече дресот на Фуџијан Старџонс. Таму во 19 натпревари, имаше просек од 15,2 поени и 6,2 скока. Макунда пред да замине на Истокот одигра 5 натпревари во Евро-лигата и девет во домашното првенство.

Read More

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, не ја поддржува идејата неколку тимови да имаат исти сопственици. Неговата реакција доаѓа откако се дозна дека Мерцедес се обидува да купи 24 проценти од акциите на Алпин. Познато е дека компанијата Ред Бул поседува два тима: фабричкиот тим и јуниорскиот тим на Рејсинг Булс. Браун побара од претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем, да се елиминира можноста за поседување или да има ко-сопственост во повеќе тимови од Формула 1.

Read More

УЕФА му изрече парична казна од 15.000 евра на Атлетико Мадрид. Причина за тоа е инцидентот што се случи на првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал. Тогаш на стадионот – „Метрополитано“, домашните фанови фрлаа разни предмети на теренот, вклучително и тоалетна хартија. УЕФА ги гледа тие постапки како опасни бидејќи може да ја загрозат безбедноста на играчите и на службените лица.

Read More
NBA

Некогашниот играч во НБА, Џеф Тиг, имаше само пофални зборови за играта на Осара Томпсон кој го носи дресот на Детроит. „Тој е буквално најдобриот дефанзивец што сум го видел. Нема да лажам. Офанзивно навистина не може ништо да направи. Но, дали сте ги виделе тие блокирани удари ? – рече Тиг. „Тони Ален , секако, можеше да ги притиска противниците во одбраната но, Томсон одлично блокира шутеви“ – беа зборовите на Тиг.

Read More
NBA

Поранешниот НБА кошаркар, Исаија Томас, се врати во екипата на Бостон како професионален скаут за играчите кои настапуваат во колеџ. 37-годишникот ќе биде  задолжен за работа на Западниот брег. Поранешниот играч ќе помага во интервјуирањето на потенцијалните регрути. Томас играше за Селтикс од 2015 до 2017 година обезбедувајќи учество за Ол-стар натпреварот во две последнователни сезони.

Read More

Ливерпул може да го ангажира фудбалерот од средниот ред на Монако, Магнес Аклуш, наведуваат денеска дел од медиумите. Тој треба да биде замена за ветеранот, Мохамед Салах, кој на крајот на сезоната ќе го напушти – „Енфилд“. 24-годишниот Французин кој има трансферна цена од 50 милиони евра, влегува на радарот на уште неколку екипи од Премиер-лигата.

Read More

Фудбалерот на Интер, Маркус Турам, заработил повреда на еден од тренинзите и ќе мора да паузира извесен период, објавија медиумите во Италија. Тој ќе оди на дополнителни лекарски прегледи по што ќе биде утврден и терминот за негова рехабилитација. Покрај  Турам, во таборот на „нероаѕурите“  со проблем се соочува и искусниот играч од средниот ред, Чалханоглу.

Read More

Возачот на Астон Мартин, Ленс Строл, изјави дека нема намера да ја заврши кариерата поради општото незадоволство на возачите од новите автомобили. „Не, ова не е мојата последна сезона во Формула 1. Имам голема верба во нашиот проект и потенцијал“ – рече Строл. „Исто така, се надевам дека новите болиди на Формула 1 со текот на времето ќе стануваат сè попријатни за возење“ – нагласи членот на Астон Мартин.

Read More

Кошаркарот на Валенсија, Брекстон Ки, заработи скршеница на носот на мечот со Басконија одигран во домашниот шампионат. Крилниот центар останува под знак прашалник за утрешната мајсторка со грчкиот, Панатинаикос во разигрувањето за титулата во Евролигата.   Американецот сака да игра но,  медицинскиот тим на шпанскиот состав ќе го има последниот збор.

Read More
NBA

Главниот тренер на кошаркарите на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, верува дека неутралните навивачи брзо се заморуваат од тоа што истиот тим победува. „Како навивач, кога истиот тим е премногу доминантен, сакате да видите сензација. Бевме фаворити во 2015 и 2016 година, но, мислам дека просечниот навивач тогаш ги имаше симпатиите за враќањето на Леброн“ – рече Кер. „Никогаш не го сфатив тоа лично. И јас сум таков. Ако некој тим почне да доминира во кој било друг спорт, ќе навивам за изненадување“ – рече Кер.

Read More