Кошаркарот, Џоан Макунда, ја заврши кратката авантура во Кина и се врати во екипата на Монако. Тој ќе игра во финишот на сезоната во француското првенство.
Црномурестиот играч пред два месеца си замина од Франција и го облече дресот на Фуџијан Старџонс. Таму во 19 натпревари, имаше просек од 15,2 поени и 6,2 скока.
Макунда пред да замине на Истокот одигра 5 натпревари во Евро-лигата и девет во домашното првенство.

