Фудбалерите на Шкендија Тетово и Силекс ќе играат во финалето на Купот на Македонија за сезоната 2025/26.
Во денешните реванши од последната елиминациска фаза, тетовци славеа на гостувањето кај Шкендија Арачиново со 2-0 и со вкупни 5-2 си обезбедија место во завршниот меч за пехарот.
Силекс во Кратово успеа минимално да го совлада составот на Охрид со 1-0 и со вкупни 2-1 да влезе во решавачкиот меч за трофејот во најмасовното клупско натпреварување кај нас.

