Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, зборуваше за освоеното 15-то место на трката во Мајами и за шансите на тимот за претстојните фази.
„Брзината е таква каква што е. Во тешка позиција сме но, тимот успеа да заврши со двата болида за прв пат годинава. Има напредок во однос на сигурноста и вибрациите, има и позитивни аспекти.“ – рече Алонсо.
„Тимот и јас треба да работиме заедно и да се радуваме на втората половина од сезоната. Верувам дека ќе донесеме повеќе функции по летната пауза“ – рече Алонсо.

