Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Лучано Спалети, вели дека не е задоволен по ремито со Верона бидејќи неговиот тим загуби драгоцени бодови во трката за Лигата на шампионите.
„Јасно е дека сме разочарани, жално е тоа што ни се случува. Немавме среќа да го завртиме резултатот бидејќи не можете секогаш да контролирате се“ – рече Спалети.
„Имавме работи што се гледаат кај децата, работи што се премногу банални. Потоа во второто полувреме ги притиснавме“ – рече тренерот на „старата дама“.

