Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, верува дека неговиот тим може да обезбеди место во финалето во Лигата на шампионите.
Неговата изјава доаѓа пред денешниот реванш-меч со Арсенал во Лондон. Првиот дуел во Шпанија заврши без победник.
„Ќе се обидеме да одиграме на високо ниво. Имаме верба и знаеме што треба да направиме“ – рече Симеоне.

