Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Петрушев доминираше на патеката во Словачка
    Фудбал

    Петрушев доминираше на патеката во Словачка

    dinoBy dino05/05/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот олимписки комитет (МОК) со гордост ја информира јавноста за големиот успех на нашиот олимписки стипендист, кајакарот Ангел Петрушев, кој изминатиов викенд во Липтовски Микулаш, Словачка, оствари резултати кои ја испишуваат историјата на македонскиот кајак.

    ​На престижниот 78. Меѓународен Татрански слалом, кој се одржува со децениска традиција, Петрушев успеа да го освои првото место, со што стана првиот Македонец во историјата кој победил на овој реномиран натпревар. Во исклучително силна конкуренција од 50 врвни светски натпреварувачи, Ангел покажа супериорност, дисциплина и врвна спортска форма.

    ​Успешниот викенд започна уште на 2 мај, кога на трката за ICF светскиот ранкинг, Петрушев го освои високото второ место.Овој пласман има дополнителна тежина бидејќи, според новите правила за олимписки квалификации, бодовите освоени на ICF ранг-листите се клучни за обезбедување норма за претстојните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028.

    angel 1

    ​„Овој успех е плод на напорна работа, стратегија и силна мотивација. Да се биде првиот Македонец кој триумфирал на Татранскиот слалом по 78 години постоење на натпреварот е огромна чест, но и поттик за уште поголема посветеност. Целта е јасна – место меѓу најдобрите во светот и настап на Олимписките игри ЛА 2028“, истакнуваат од тимот на Петрушев.

    ​Македонскиот олимписки комитет продолжува силно да ги поддржува своите стипендисти во нивните подготовки и меѓународни настапи. Постигнатиот резултат на Ангел Петрушев е потврда дека со вистинска поддршка и континуирана посветеност, македонските спортисти можат да доминираат на меѓународната сцена и достоинствено да ги бранат националните бои.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.