Еден од најдобрите македонски скијачи, Мирко Лазарески, е суспендиран на 4 години поради присуство на недозволена супстанца, објави Министерството за спорт.
Станува збор за станозолол која не смее да се користи од страна на спортистите. Одлуката е активна од 30 јануари 2026 до 29 јануари 2030 година.
Ќе потсетиме дека Лазаревски кој во последен миг беше избришан од списокот за учество на Зимската Олимпијада во Милано-Кортина, има право да вложи жалба.

