Ракометарите на Вардар и на Еурофарм Пелистер денеска ќе го одиграат дербито на тековното коло во Супер лигата.
Мечот во СЦ Јане Сандански од 19.00 часот има големо значење за двата тима. „Црвено-црните“ се на чекор до враќање на титулата во престолнината и им треба само еден бод во завршните кола. Битолчани пак, ќе бараат бодови што ќе им ги задржат шансите да ја добијат битката со Охрид за второто место на табелата.
Вечното ракометно дерби во веројатно исполнетиот дом на „Вардарци“, ќе го судат битолчаните, Благојче Тодоровски и Димитар Митревски. Делегати ќе бидат Ацо Николовски и Игор Огненов.

