Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња, ги сподели очекувањата за Ф4 турнирот во Евро-лигата и ја оцени формата на тимот пред полуфиналето против Валенсија.
„Верувам дека се приближуваме кон Фајнал Фор во добра форма, подготвени да играме на високо ниво“ – рече Хрватот.
„Мораме да играме со страст, да бидеме целосно фокусирани.Тоа е неверојатно искуство но, мора бидеме паметни“ – потенцираше играчот на „кралевите“.

