Фудбалерот на Ливерпул, Ендрју Робертсон, постигнал усмен договор со Тотенхем, објавија медиумите во Англија. Со тоа паѓаат во вода сите најави дека десниот бек ќе замине во екипата на Јувентус иако „старата дама“ најави дека работи на неговиот трансфер. Играчот ќе го напушти „Енфилд“ без обештетување бидејќи на крајот на јуни ќе му заврши договорот. „Спарси“ се обидоа да го ангажираат Робeртсон и во зимскиот трансфер период но, тоа не се случи.
Author: dino
Кацигата на Жил Вилнев беше продадена на аукција за 1,25 милиони долари, поставувајќи рекорд за продажба на опрема за трки во Формула 1. Тој ја користел на трката во Сан Марино и тоа на само две недели пред неговата трагична смрт на патеката во Зелдер. Претходниот рекорд беше за кацигата на Аиртон Сена со која настапил на трката во Белгија во 1992 година. Истата беше продадена за 968.000 долари.
Клаудија Пекштајн која пет пати беше олимписка шампионка во брзо лизгање, ќе ја преземе времено функцијата тренер на германската репрезентација до крајот на годината. „Имаме доволно време да спроведеме процес на селекција и да ги избереме тренерите кои ќе ги водат нашите спортисти на Олимписките игри во 2030 година“, рече претседателот на федерацијата, Матијас Гросе. Петкратната освојувачка на златен олимписки медал доаѓа на местото на Алексис Контин.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, откри дека лигата планира да започне да користи вештачка интелигенција за да донесува одлуки за шутевите надвор од теренот. „Во врска со видео повторувањата, наскоро ќе преминеме на систем сличен на „Хок-Ај“ во тенисот, каде што целата оваа категорија на одлуки ќе биде автоматизирана“ – рече Силвер. „Дали Лејкерси, Никс или Тандер ќе ја добијат топката, ќе одлучи автоматизиран систем базиран на вештачка интелигенција со камери поставени низ теренот. Тоа ќе ги елиминира сите таканаречени објективни одлуки на судијата“ – изјави претседателот на НБА.
Кошаркарот на Милвоки, Јанис Антетокунмпо, кој е прогласен за најдобар поентер во НБА конкуренцијата, имаше пофални зборови за ѕвездата на Хјустон, Кевин Дурант. „Најдобриот е Кевин. Тој е неверојатен талент. Веројатно најголемиот поентер на сите времиња.“ – рече играчот на Милвоки. „Но, мора да му се оддаде признание на Леброн бидејќи тој го прави тоа долги години“ – рече грчкиот кошаркар.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција. Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот за дуелите со Босна и Херцеговина. Натпреварите се играат на 29. мај во Сараево и Турција на 1. јуни во Истанбул.
Кристал Палас и Рајо Валјекано денеска ќе се борат за победничкиот пехар во Конференциската лига на УЕФА. Англичаните и Шпанците битката за трофејот ќе ја имаат вечер од 21.00 часот во германскиот град Лајпциг. Двата тима ќе атакуваат на првиот голем меѓународен трофеј во нивната историја. Кристал Палас ги елиминираше Зрински (Мостар), АЕК Ларнака, Фиорентина и Шахтјор Донецк. Шпанците откако го прскокнаа првото елиминациско коло, беа подобри од Самсунспор, АЕК Солун и Стразбур. Мечот Кристал Палас-Рајо Валјекано ќе го суди Маурицио Мариани од Италија Тој е на листата на ФИФА од 2019 година а во елитна категорија на УЕФА влезе…
Во рамките на Плазма Спортските игри за млади кои се една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа со традиција подолга од 30 години и кои за првпат се одржуваат и во Македонија, „Денот на спортот“ утре ќе се одржи на стадионот „Никола Мантов“ со почеток во 10:30 часот. На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на овој голем проект, кој е поддржан од Владата на Македонија, градоначалникот Владко Грозданов, како и бројни познати спортски имиња. Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: „Coca-Cola…
Средниот бек, Омер Мехмедовиќ, го засили ракометниот состав на Еурофарм Пелистер. 26-годишниот играч од БИХ потпиша за една сезона со опција да остане плус една. Мехмедовиќ играше во Барнбах Хофланд во Австрија а во Битола доаѓа од словенечкиот состав, Рико Рибница. Ќе потсетиме дека „зелено-белите“ претходно го обезбедија потписот на уште еден играч од БИХ, Едвин Џелиловиќ. Битолчани најавија дека сите летни засилувања ќе бидат претставени на јавноста во почетокот на подготовките за новата сезона.
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, не крие дека е разочаран по градското дерби против Торино кое заврши 2-2 и го спречи неговиот тим да обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Ја имавме играта, токму во вакви натпревари го гледате карактерот на луѓето и барате нешто повеќе“ – рече Спалети. „Целта е да се создаде тим на високо ниво за да се пополнат празнините. Мислам дека карактерот секогаш прави разлика“ – рече тренерот на „старата дама“.
