Во рамките на Плазма Спортските игри за млади кои се една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа со традиција подолга од 30 години и кои за првпат се одржуваат и во Македонија, „Денот на спортот“ утре ќе се одржи на стадионот „Никола Мантов“ со почеток во 10:30 часот.

На отворањето на Спортските игри за млади ќе присуствуваат претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, која е носител на овој голем проект, кој е поддржан од Владата на Македонија, градоначалникот Владко Грозданов, како и бројни познати спортски имиња.
Игрите опфаќаат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: „Coca-Cola Cup“ – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок. Во Кочани младите „симовци“ ќе се натпреваруваат во Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал во машка и женска конлуренција, мал фудбал 2015 годиште, ракомет во машка и женска конкуренција, атлетика, народна и баскет 3х3 во машка и женска конкуренција.

