Средниот бек, Омер Мехмедовиќ, го засили ракометниот состав на Еурофарм Пелистер. 26-годишниот играч од БИХ потпиша за една сезона со опција да остане плус една.
Мехмедовиќ играше во Барнбах Хофланд во Австрија а во Битола доаѓа од словенечкиот состав, Рико Рибница. Ќе потсетиме дека „зелено-белите“ претходно го обезбедија потписот на уште еден играч од БИХ, Едвин Џелиловиќ.
Битолчани најавија дека сите летни засилувања ќе бидат претставени на јавноста во почетокот на подготовките за новата сезона.

