Author: dino

Македонската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Турција во вечерашниот пријателски натпревар во Истанбул. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа поразени со 4:0 во натпревар во кој домашниот состав домијираше во сите 90 минути и практично не ни даде шанса да се надеваме на подобар резултат. Турција брзо го отвори резултатот уште во 2. минута со голот на Кокчу, а во 16. минута веќе беше и 2:0 за домашните, откако Узун го матираше Димитриевски. Ние единствената шанса на мечот ја имавме во последната минута од првиот дел кога Алиоски доби одлична топка од Миовски, но не успеа да…

Read More

Охрид повторно ќе биде центар на балканскиот триатлон – рекорден број натпреварувачи и 12 држави учеснички на Балканското триатлон првенство 2026 Охрид повторно ќе стане центар на балканската триатлонска сцена. На 13 и 14 јуни 2026 година, плажата Бафало ќе биде домаќин на Балканското првенство во триатлон, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе рекорден број натпреварувачи, силна меѓународна конкуренција и учесници од 12 држави. Организацијата на овој врвен спортски настан е резултат на заедничка посветеност и поддршка од институциите, спортските организации и локалната заедница. Посебна благодарност упатуваме до Министерството за спорт и Општина Охрид чија поддршка…

Read More

Зоран Стерјев, првиот човек на Еурофарм Пелистер, изрази задоволство од постигнатата соработка со Лино Червар, „Отвораме ново поглавје во длабоката и голема историја на овој клуб, со кое што ќе ја трасираме иднината да биде уште поубава, поуспешна, сметам дека изборот на Лино Червар е вистинскиот избор којшто ќе ни помогне на овој пат“ – рече Стерјев. „Како и за се во животот, така и за оваа работа требаше да се спојат сите коцки и да се усогласиме за наша соработка, на која јас сум исклучително горд и задоволен“ – нагласи Стерјев со напомена дека во тек се преговори со…

Read More

Легендарниот ракометен стратег, Лино Червар, денеска беше промовиран како нов предводник на Еурофарм пелистер.„Чест ми е да работам во Битола, град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата втора татковина и тука ќе биде крај на мојата кариера. Поздрав за сите поранешни тренери, играчи кои играле за Еурофарм Пелистер, тоа за мене е најголемото ракометно име во Македонија“ – рече Червар.„Имам тешка задача, конкуренцијата е голема, ама мораме да одиме позитивно. Мора да ги пофалиме конкурентите, Вардар кој се разбуди и оди со крупни чекори, потоа и Охрид кој освои европска титула, мора да бидеме пријатели…

Read More

Повеќе од 70 натпреварувачи од 10 држави, бројни спортски делегации, гости и љубители на спортот, беа дел од јубилејното 50-то издание на Меѓународниот боречки турнир – „Македонски бисер“ кој се одржа во Радовиш. Настанот во текот на викендот зад нас уште еднаш ја потврди позицијата меѓу најзначајните и најреномирани боречки турнири во регионот. Во силна меѓународна конкуренција, трофејот „Македонски бисер“ заслужено му припадна на Омер Мемеди, кој доминираше во категоријата до 92 килограми. Признанието за најдобар домашен борец го доби репрезентативецот, Расул Шапиев (74 кг), додека за најдобар странски борец беше прогласен молдавскиот претставник, Раду Лефтер (125 кг).

Read More

Министерството за спорт упатува честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ! -Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Вашиот успех е резултат на посветена работа, професионализам, визија и истрајност“ – стои во дел од објавата. „Министерството за спорт ви го честита овој голем успех и ви посакува уште многу победи, нови трофеи и достојно претставување на Македонија на меѓународната спортска сцена“ –…

Read More

Легендарниот фудбалер на Англија, Џејмс Милнер, по две децении се определи да стави крај на професиналната кариера. За репрезентацијата има 61 натпревар а учествуваше на две светски и две европски првенства. Тој е рекордер со најмногу настапи во англиското првенство – 658 а го  држи и рекордот за најмлади стрелец во историјата на локалното првенство со 16 години и 356 дена. 40-годишниот Милнер во сезоната што заврши стана највозрасниот фудбалер кој постигнал гол од пенал. Тој за Ливерпул забележа 230 натпревари и 19 голови, за Манчестер Сити има147 средби и 13 гола а играше и за Астон Вила, Њукасл и…

Read More

Македонските репрезентативци денеска од 19.00 часот на стадионот во Истанбул ќе одиграат пријателски натпревар против Турција. По ремито против БИХ, избраниците на селекторот, Гоце Седлоски, сега ги очекува нова пресметка со репрезентација која ќе се појави на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. „Турција е исклучително квалитетна репрезентација со фудбалери кои настапуваат на највисоко европско ниво. Сакам да се претставиме во добро светло и да покажеме дека можеме рамноправно да се носиме и со вакви противници“ – изјави Седлоски. Средбата во Истанбул ќе ја суди Шпанецот, Хосе Луис Монтеро.

Read More

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао, потврди дека сака да го напушти тимот во летниот трансфер период. 26-годишниот репрезентативец на Португалија во последната сезона одигра 29 мечеви со ефект од само девет голови и три асистенции. Тој одигра два меча и постигна еден гол во Купот на Италија. Леао има намера да обезбеди клуб со кој ќе настапува во Лигата на шампионите откако Милан не успеа да се квалификува.

Read More

Новиот италијански фудбалски шампион, Интер, веројатно ќе го ангажира стоперот на Удинезе, Умар Соле, велат последните информации од „Чизмата“.   Централниот бек може да потпише договор до 2031 година со плата од 2,5 милиони евра нето по сезона. Покрај Французинот кој е висок 192 см, „нероаѕурите“ сакаат во текот на летото да го ангажираат и  корпулентниот дефанзивец на Сасуоло,Тарик Мухаремовиќ.   Што се однесува до Соле, тој има настапувано и во Бундес-лигата во екипата на Лајпциг.

Read More