Министерството за спорт упатува честитки до ракометарите, стручниот штаб и раководството на ГРК Охрид за историскиот успех и освојувањето на титулата во Европскиот куп на ЕХФ!
-Со извонредна игра, борбеност и шампионски карактер, ГРК Охрид испиша нова блескава страница во историјата на македонскиот ракомет совладувајќи ја екипата на Татабања во финалето и освојувајќи го европскиот трофеј. Вашиот успех е резултат на посветена работа, професионализам, визија и истрајност“ – стои во дел од објавата.
„Министерството за спорт ви го честита овој голем успех и ви посакува уште многу победи, нови трофеи и достојно претставување на Македонија на меѓународната спортска сцена“ – стои во објавата на Министерството за спорт.

