Атлетичерот, Треј Канингем, го собори рекордот на 110 метри со пречки. Американецот ја освои Дијамантската лига во Рим со време од 12,98 секунди. Тоа не е само личен рекорд за Канингем, туку и нов рекорд на турнирот и најдобар резултат во светот за сезоната. Орландо Бенет од Јамајка го освои второто место а Шпанецот, Енрике Јопис заврши трет. Во трката на 100 м/с за жени, победи Меган Симондс од Јамајка пред Кендра Харисон (САД) и Надин Висер (Холандија).
Author: dino
Првиот човек на НБА, Адам Силвер, се осврна на дискусиите за можно проширување на лигата од сезоната 2027/28. „Преговорите се во тек. Во моментов, сите разбираат дека сме фокусирани на Лас Вегас и Сиетл. Временската рамка останува отворена – рече Силвер. „Не е сигурно дека проширувањето ќе се случи во еден град или во двата. Очекуваме одборот на директори да донесе одлука до крајот на годинава“ – рече комесарот на НБА.
Голден Стејт ќе се обиде да го привлече кошаркарот, Леброн Џејмс, кој ќе си оди од Лејкерси, тврдат одредени личности што одлично ги познаваат состојбите во НБА лигата. Наводно, лидерот на Вориорс, Стивен Кари, планира да се сретне лично со Џејмс за да разговараат за можноста да играат заедно. – Во почетокот, сè изгледаше крајно неверојатно но, сега е момент кој може да се случи и да се развие во приказна, напиша новинарот, Брет Сигел.
По ремито со Босна и Херцеговина и високиот пораз на гостувањето кај Турција, македонската фудбалска репрезентација направи пад за две места на најновата ФИФА листа. Македонија сега се најде на 69. место на светската ранг-листа на најдобри фудбалски репрезентации со 1369.16 поени. Пред нас се најдоа Зеленортските острови, како и Обединетите Арапски Емирати, а и Босна и Хрецеговина напредуваше до 64. место. Има промена и на врвот на листата. Аргентина се врати на првото место, пред Франција и Шпанија.
Битола уште потврди зошто е еден од најголемите спортски центри во Македонија. Над 1.000 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во седум дисциплини: Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, одбојка, баскет 3х3, ракомет, народна и атлетика. Беше навистина интересно и неизвесно, воздишките ги „украде“ Coca Cola Cup. Победата во машка конкуренција ја однесоа „Баирски пионери“, додека во женска конкуренција „Климентовски“. Во „градот на конзулите“ се одржа вториот спортско едукативен проект „Zero Waste“ чија главна порака е: Бидете дел од играта –…
Во својата континуирана мисија за масовна промоција на олимпизмот и негување на спортските вредности ширум државата, Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) успешно ја организираше спортската манифестација „Олимписки ден“. Овој значаен настан, кој е дел од стратешката програма на МОК за инспирирање на младите кон активен начин на живот, се реализираше со огромна поддршка и во директна соработка со Општина Кичево и основното училиште „Кузман Јосифоски – Питу“. Иницијативата беше директно предводена од највисокото раководство на Македонскиот Олимписки Комитет. Настанот започна со работна средба на која претседателот на МОК, Даниел Димевски, придружуван од членот на управниот одбор, Сашо Димитријоски, раководителот на секторот…
Шпанска Валенсија денеска и официјално потврди дека го продолжи договорот со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски за уште две сезони. Она што веќе беше најавено, денеска и официјално е потврдено од шпанскиот тим. Столе останува на „Местаља“ до јуни 2028 година. Од неговото пристигнување во 2024 година, Димитриевски одигра вкупно 33 официјални натпревари со дресот на Валенсија. „Неговото искуство и цврстина на голманската позиција придонесоа за конкурентскиот раст на тимот и ги подобрија резултатите во втората половина од минатата сезона“, велат од Валенсија.
Манчестер Сити испратил прва понуда за потписот на фудбалерот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон. „Граѓаните“ биле веднаш одбиени, но нема лесно да се откажат од идејата да го видат Андерсон во својот состав за следната сезона. Се очекува Сити да продолжи со понудите, а интерес за 23-годишникот покажува и Манчестер Јунајтед. Елиот одигра 38 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи четири гола.
Бразилскиот чувар на мрежата на Ливерпул, Алисон нема да го напушти „Енфилд“ наскоро бидејќи ветеранот наводно има намера да ја дополни последната година од договорот со Ливерпул. Во последните недели се засилија шпекулациите дека Алисон би можел да се пресели во Серија А во тимот на Јувентус, кој направи сериозен напор да го добие, па дури и стави на маса тригодишен договор. Сепак, Ливерпул остана решен да го задржи на голот уште една сезона. Новинарот Бруно Андраде од ESPN Brasil објави дека Алисон веќе решил да го доврши својот активен договор со „црвените“, кој важи до средината на 2027 година,…
Поранешниот возач на Формула 1, Кевин Магнусен, ќе го има своето деби во НАСКАР. Данецот ќе се трка во Сан Диего на Trackhouse Racing. Настанот ќе се одржи на 21 јуни. Во 2022 година, Магнусен тестираше автомобил од НАСКАР како дел од партнерството меѓу неговиот тим Хаас и серијата. Возачот комплетираше неколку круга на патеката во Шарлот. Кевин се натпреваруваше во Формула 1 од 2014 до 2020 година и од 2022 до 2024 година. Во последните сезони, возачот се натпреваруваше во неколку првенства, а имаш еи една рунда на легендарниот ИндиКар шампионат.
