Голден Стејт ќе се обиде да го привлече кошаркарот, Леброн Џејмс, кој ќе си оди од Лејкерси, тврдат одредени личности што одлично ги познаваат состојбите во НБА лигата.
Наводно, лидерот на Вориорс, Стивен Кари, планира да се сретне лично со Џејмс за да разговараат за можноста да играат заедно.
– Во почетокот, сè изгледаше крајно неверојатно но, сега е момент кој може да се случи и да се развие во приказна, напиша новинарот, Брет Сигел.

