Атлетичерот, Треј Канингем, го собори рекордот на 110 метри со пречки. Американецот ја освои Дијамантската лига во Рим со време од 12,98 секунди.
Тоа не е само личен рекорд за Канингем, туку и нов рекорд на турнирот и најдобар резултат во светот за сезоната. Орландо Бенет од Јамајка го освои второто место а Шпанецот, Енрике Јопис заврши трет.
Во трката на 100 м/с за жени, победи Меган Симондс од Јамајка пред Кендра Харисон (САД) и Надин Висер (Холандија).

