Првиот човек на НБА, Адам Силвер, се осврна на дискусиите за можно проширување на лигата од сезоната 2027/28.
„Преговорите се во тек. Во моментов, сите разбираат дека сме фокусирани на Лас Вегас и Сиетл. Временската рамка останува отворена – рече Силвер.
„Не е сигурно дека проширувањето ќе се случи во еден град или во двата. Очекуваме одборот на директори да донесе одлука до крајот на годинава“ – рече комесарот на НБА.

