Author: dino

Хокеарот на Каролина, Џордан Стал, е првиот играч по 44 години кој постигнал гол во секој од првите четири натпревари од финалето на Стенли Купот.  Тој реализираше на ноќешниот меч со Голден Вегас во победата од 5-3 со што неговиот тим изедначи во серијата на 2-2. Мајк Боси од екипата на Њујорк Ајлендерс во 1982 година беше последниот кој постигна гол во првите четири натпревари од финалето. Тоа се случи во пресметките против Ванкувер.

Read More
NBA

Главниот тренер на Њујорк, Мајк Браун, се осврна на поразот од Сан Антонио во третиот меч од финалната серија во НБА лигата. „За нас, темпото, просторот, широко отворените додавања и влегувањето под обрачите се значајни елементи“ – рече Браун. „Сите се разочарани што не бевме во можност да го спроведеме нашиот план. Верувам дека можеме да одиграме далеку подобро на наредните натпревари“ – нагласи тренерот на Никси.

Read More
NBA

Четири екипи може да конкурираат за ангажман на  ѕвездата на Далас, Кајри Ирвинг. Тоа се  Детроит, Минесота, Хјустон и Лејкерси. 34-годишниот Ирвинг ја пропушти целата тековна сезона поради скинати предни вкрстени лигаменти. Неговиот сегашен договор е вреден 39,5 милиони долари а деветкратниот НБА Ол-стар играч има и опција од 42,4 милиони долари за сезоната 2027-28. Се претпоставува дека  „Маверикс“ се отворени за размена на ветеранот додека прават реконструкција на тимот.

Read More

На турнирот од Третата Европска група во Дејвис Купот кој ќе се реализира во Кишињев, Македонија ќе игра во групата „Б“ со домаќинот Молдавија, со Грузија и Косово. Првиот меч ќе го имаме утре против домашната селекција која е еден од фаворите за висок пласман. Боите на Македонија ќе ги бранат: Калин Ивановски, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и натурализираниот, Олег Приходко. Во другата група се сместија: Азербејџан, Ирска, Летонија и Црна Гора. Победниците во двете групи ќе изборат промоција во повисок ранг додека второпласираните ќе играат бараж-меч а победникот ќе замине во Втората Светска група.

Read More

Во одлична организација на клубот Класика Прилеп, пред многубројна публика изминатиот викенд на воениот полигон во Кичево се одржаа вториот и третиот ТСД Авто слалом натпревар со историски возила. На натпреварот со олдтајмери беа пријавени околу 40тина возачи кои настапуваа преку различни клубови од повеќе градови од Македонија. На свеченото отворање присуствуваа градоначалникот на Кичево Д-р Александар Јовановски и пратеникот Ѓорѓија Сајковски, кои ја потврдија заложбата на Владата и Министерство за спорт за решавање на долгогодишниот проблем со другата Автомобилистичка федерација. Организаторот упати голема благодарност за несебичната поддршка од Општината Кичево и градоначалникот Јовановски, МВР, Територијалната противпожарна единица и Здравствениот…

Read More

Првата сезона од Плазма Спортските игри за млади во Македонија пристигна во Тетово. Градот под Шара денеска е домаќин на „Денот на спортот“ кој донесе активности во „Coca Cola Cup, мал фудбал, одбојка, баскет 3х3, народна и атлетика. Дечињата на отворањето ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицкоска како и Бујар Ибраими, кој е задолжен за училишниот спорт во Тетово. Тие истакнаа дека игрите промовираат спортски дух, вистински вредности, толеранција и пријателство. Во друштво со најмладите беа и неколку видни спортски личности од Тетово меѓу кои Агим Ибраими (фудбал) и Ивица Хаџи Иљоски –…

Read More

Македонските најдобри одбојкари ја забележаа првата победа во новата сезона во Европската лига додека одбојкарките го претрпеа и вториот пораз.На машкиот турнир кој се реализираше во Струмица, Македонија денеска очекувано го совлада Луксембург со 3-1 и брзо се рехабилитираше по вчерашниот пораз од фаворитот Холандија.Одбојкарките на собирот во Порто немаа сила да направат изненадување. По вчерашниот убедлив пораз од Унгарија, денеска загубија и од домаќинот Португалија со 3-0.

Read More

Брајан Авиа постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со извонреден резултат од 7,11 метри. Toj го собори досегашниот рекорд од 7,05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година по што доби честитки од Атлетската федерација. Авиа со неговите резултати во континуитет покажува дека има добра перспектива во „кралицата на спортовите“.

Read More

Александер Зверев ја освои првата грен-слем титула откако победи на тенискиот турнир – Ролан Гарос. 29-годишниот Германец во денешното финале го совлада десеттиот носител, Флавио Коболи со 3-2 по сетови 6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1 за околу четири часа игра. Зверев кој ја обезбеди 25-та АТП-титула, е првиот германски тенисер кој освоил гренд слем од 1996 година кога Борис Бекер го подигна трофејот на Отвореното првенство на Австралија.

Read More

Милијана Релиќ, го освои третото место во нејзината категорија на Европскиот Куп во таеквондо во Нинберг, Германија. Таа по победите против Натали Тадиќ од Хрватска и Ингибјорд Греташтодир од Исланд, во полуфиналната борба загуби од олимписката шампионка од Париз, Вивијана Мартон од Унгарија.Мила во борбата за медал ја совлада Чаима Тоуми од Тунис откако во последна секунда успеа да изнуди 5 техничка грешка . Во нејзината категорија имаше 4 олимпијки и над 10 освојувачи на светски и европски медали. Релиќ освои нови бодови во трката за место на ЛОИ Лос Анџелес 2028.

Read More