Четири екипи може да конкурираат за ангажман на ѕвездата на Далас, Кајри Ирвинг. Тоа се Детроит, Минесота, Хјустон и Лејкерси.
34-годишниот Ирвинг ја пропушти целата тековна сезона поради скинати предни вкрстени лигаменти. Неговиот сегашен договор е вреден 39,5 милиони долари а деветкратниот НБА Ол-стар играч има и опција од 42,4 милиони долари за сезоната 2027-28.
Се претпоставува дека „Маверикс“ се отворени за размена на ветеранот додека прават реконструкција на тимот.

