Главниот тренер на Њујорк, Мајк Браун, се осврна на поразот од Сан Антонио во третиот меч од финалната серија во НБА лигата.
„За нас, темпото, просторот, широко отворените додавања и влегувањето под обрачите се значајни елементи“ – рече Браун.
„Сите се разочарани што не бевме во можност да го спроведеме нашиот план. Верувам дека можеме да одиграме далеку подобро на наредните натпревари“ – нагласи тренерот на Никси.

