Милијана Релиќ, го освои третото место во нејзината категорија на Европскиот Куп во таеквондо во Нинберг, Германија.
Таа по победите против Натали Тадиќ од Хрватска и Ингибјорд Греташтодир од Исланд, во полуфиналната борба загуби од олимписката шампионка од Париз, Вивијана Мартон од Унгарија.
Мила во борбата за медал ја совлада Чаима Тоуми од Тунис откако во последна секунда успеа да изнуди 5 техничка грешка . Во нејзината категорија имаше 4 олимпијки и над 10 освојувачи на светски и европски медали. Релиќ освои нови бодови во трката за место на ЛОИ Лос Анџелес 2028.

