Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Убедлив пораз во Истанбул: Турција – Македонија 4:0
    Фудбал

    Убедлив пораз во Истанбул: Турција – Македонија 4:0

    dinoBy dino01/06/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Турција во вечерашниот пријателски натпревар во Истанбул. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа поразени со 4:0 во натпревар во кој домашниот состав домијираше во сите 90 минути и практично не ни даде шанса да се надеваме на подобар резултат.

    Турција брзо го отвори резултатот уште во 2. минута со голот на Кокчу, а во 16. минута веќе беше и 2:0 за домашните, откако Узун го матираше Димитриевски. Ние единствената шанса на мечот ја имавме во последната минута од првиот дел кога Алиоски доби одлична топка од Миовски, но не успеа да погоди.

    Во вториот дел беа направени бројни замени, а Турција лесно дојде до два нови гола. На 3:0 зголеми Ѓул, додека четвртиот гол за Турците беше дело на фудбалерот на Галатасарај, Бариш Јилмаз.

    За Македонија ова е втор пораз под водство на селекторот Седлоски. Во четири натпревари под водство на новиот селектор, Македонија се уште нема постигнато гол.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.