Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, не крие дека е разочаран по градското дерби против Торино кое заврши 2-2 и го спречи неговиот тим да обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона.
„Ја имавме играта, токму во вакви натпревари го гледате карактерот на луѓето и барате нешто повеќе“ – рече Спалети.
„Целта е да се создаде тим на високо ниво за да се пополнат празнините. Мислам дека карактерот секогаш прави разлика“ – рече тренерот на „старата дама“.

