На 24 мај со почеток во 11.00 часот на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“, ќе се одржи првиот „TSD“ Авто слалом натпревар под името Скопје I – „Сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј“ како еден од седумте настани кои ќе се бодуваат за државното првенство за 2026 година.
Станува збор за натпреварување во техничко и вешто возење на посебна патека со учество на возачи со класични олдтајмери и јангтајмер возила, како и со спортски автомобили постари од 20 години.
Таквите натпревари се одржуваат со поддршка на Светската федерација – (FIVA) и Министерството за спорт преку Националната федерација на историски возила.

