Репрезентацијата на Иран треба да ги игра натпреварите од групната фаза на СП во Соединетите Американски Држави, но нејзиното учество на турнирот е под знак прашалник по нападот на САД и Израел врз Иран кон крајот на февруари.
Вчера, Генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, се сретна со претседателот на Иранската федерација, МехдиТаџ.
„Имавме одлична и конструктивна средба со Иранската фудбалска асоцијација. Тесно соработуваме и со нетрпение очекуваме да ги видиме на Светското првенство – рече Графстром.

