Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на „Ролан Гарос“ откако со 3-1 во сетови (5:7, 7:5, 6:1, 6:4) го совлада домашниот претставник, Џовани Перикар.
39-годишниот српски тенисер дојде до нов рекорд— 82 настапи на Гренд слем турнирите. Ѓоковиќ се израмни со Ришар Гаске и Антоан Жентијан по бројот на настапи на турнирот во Франција. Сите имаат по 22-две учества.
Популарниот Ноле го освојуваше пехарот во Париз во 2016, 2021 и 2023 година.

