Екипата на Сан Антонио ја совлада Оклахома со 103-82 во четвртиот меч во финалето на Западната конференција во НБА лигата и изедначи на 2:2 во победи.
Центарот, Виктор Вембањама, одигра уште еден фантастичен меч за победничкиот тим. Французинот имаше 33 поени, 8 скокови, 5 асистенции и три блокади. Неговите соиграчи Кастл и Васел постигнаа по 13 кошеви.
Кај поразените се издвои Гилџиус-Александар со 19 поени пред Харштејн со 12. Петтиот меч ќе биде одигран в среда на теренот на Оклахома.

