Ѕвездата на Оклахома Сити, Чет Холмгрен, изјави дека треба да покажува подобри партии против Сан Антонио во финалето на Западната конференција.
„Мислам дека без разлика што правам на теренот, секогаш очекувам повеќе. Гледам многу моменти во играта што треба да ги подобрам и ќе направам сè што можам за да го остварам тоа“ – рече кошаркарот.
Центарот на Оклахома во досегашните четири мечеви против „Спарси“ има просек од 11,3 поени, 6 скокови и 1,3 асистенции.

