Англиските медиуми тврдат дека фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед ќе го купи Едерсон од Аталанта.
Според наведеното, „црвените ѓаволи“ очекуваат да го финализираат трансферот за вкупна сума од 40 до 45 милиони евра.
Наводно, Бразилецот се согласил со понудата и изјавил дека има голема желба да се упати кон стадионот – „Олд Трафорд“.

