Нашите најдобри фудбалери одиграа без голови на пријателскиот меч против БИХ на стадионот во Сараево.
Во одличен амбиент со максимално исполнет стадион, двете селекции одиграа на моменти и здодевен меч. Двајцата селектори, Барбарез и Седлоски, им дадоа шанса на речиси сите фудбалери.
Македонската експедиција сега ќе замине за Истанбул. Таму в понеделник ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Турција.

