Играчот на Оклахома, Чет Холмгрен, призна дека не бил доволно активен офанзивно во седмиот натпревар против Сан Антонио кој му припадна на противникот.
„Понекогаш излегував надвор од ритам. Дефинитивно имав моменти кога можев да упатам повеќе шутеви но, не го направив тоа“ – рече Холмгрен.
Центарот во пресметките против Сан Антонио имаше 7,3 обиди за шут или четири помалку од неговиот просек во регуларната сезона.

