Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска го пуштија во употреба новиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје.

-Министерството за спорт продолжува со реализацијата на сите капитални проекти кои беа заостанати. Продолжуваме да инвестираме во она што сметаме дека е најважно а тоа е спортската инфраструктура – рече министерот Ристовски.

Поздравувајќи ја реализацијата на овој проект, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски нагласи дека ветувањата што се дадени треба да се реализираат и дека Владата ќе продолжи да работи посветено во таа насока.

наредниот период.

