Челниците на Јувентус не се откажуваат од идејата да го ангажираат корпулентниот фудбалер на Атлетико Мадрид, Александар Шорлот, тврдат медиумите во Италија.
Иако шпанскиот тим ја одбил првичната понуда од 22 милиони евра, се верува дека „старата дама“ нема да се повлече и дека ќе ги продолжи преговорите.
Наводно, напаѓачот се согласил да замине во Серија „А“ и тоа со договор вреден 4 милиони евра по сезона. Атлетико за неговиот потпис бара 40 милиони.

