Денеска во Минхен од 18.00 часот ќе бидат формирани групите за Светското ракометно првенство во 2027 година кое ќе биде реализирано од 13 до 31 јануари во Германија.
Македонија сигурно нема да игра во Штутгарт а другите градови во прелиминарната рунда се: Минхен, Кил и Магдебург. Во првата по квалитет група се сместени фаворитите: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина. Македонија ќе биде извлечена од вториот шешир заедно со Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарски Острови.
Во третиот по квалитет се: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зелено’ртски Острови, Чиле и Соединетите Американски Држави. Како аутсајдери во групите ќе влезат: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција и Саудиска Арабија.

