Нашиот кошаркарски состав ТФТ потврди дека и во наредната сезона ќе настапува во АБА 2 лигата.
– Како актуелни вице-шампиони на АБА 2 лигата и првопласирана екипа во регуларниот дел од сезоната во Првата македонска лига, обезбедивме учество во АБА 2 лигата и за сезоната 2026/27.По тој повод, сакаме да му се заблагодариме на раководството на АБА лигата за укажаната доверба и можноста повторно да бидеме дел од ова престижно регионално натпреварување“ – стои во објавата.
„Со голема мотивација и амбиција влегуваме во новата сезона, со желба да оствариме уште поголем успех и достојно да ја претставуваме македонската кошарка во регионот“ – објави ТФТ.

