Македонската тениска репрезентација обезбеди недостижна предност против Грузија во меч од 3.коло од Третата Европска група од Дејвис купот.
Калин Ивановски го совлада Александре Бакши со 2-0 во сетови (7:6; 6:2) додека Олег Приходко успеа да го победи Саба Пурцеладзе со 2-1 (6-7, 6-1, 6-3).
Македонија со денешната победа го обезбеди второто место на табелата кое носи во баражот за влез во Втората група од Европската зона.

