Марокот со ремито 1-1 против Бразил во првиот натпревар од Светското првенство го забележа 38-от последователен натпревар без пораз.
Тоа е најдолга серија што ја има една репрезентација во историјата на фудбалот. Претходниот рекорд го држеше Италија која не загуби ниту еднаш од 2018 до 2021 година. Серијата на Мароканците започна во пролетта 2024 година.
Во истата не се вклучени натпреварите во Африканското првенство на нации бидејќи таму играат фудбалери само од домашното првенство.

