Германската фудбалска репрезентација денеска ја очекува првиот меч на Светското првенство и тоа против дебитантот, Курасао. „Панцирите“ ќе истрчаат како огромни фаворити но селекторот, Јулијан Нагелсман, вели дека нема да го потценат противникот.
„Тука сме за да бидеме состав кој е тешко да се победи. Сакаме да бидеме на врвот во нашата група“ – вели Нагелсман.
Неговиот колега на клупата на Курасоа, легендарниот Дик Адвокат, изјави дека неговите избраници нема што да загубат и дека ќе се обидат на сите селекции во групата да им направат проблеми.

