Селекторот на фудбалерите на Турција, Винченцо Монтела, се осврна на поразот од Австралија во воведниот меч за двете селекции на тековниот Мундијал. „Кенгурите“ победија со 2-0.
„ Кога топката не влегува во голот работите не одат како што треба. Имавме 30 шутеви. Од тактичка гледна точка играта не помина како што сакавме“ – вели Монтела.
„Противникот беше набиен во одбраната. Примивме два гола по контра-напади. Фудбалерите се подготвени за наредните предизвици“ – рече селекторот на Турција.

