Англиската фудбалска експедиција се соочи со непријатности поврзани со временските услови откако пристигнаа во Канзас Сити.
Имено, Доцна вечерта илјадници луѓе во округот вклучувајќи ја и целата англиска делегација добија итно предупредување на телефоните за евакуација поради закана од торнада.
Фудбалерите на „Гордиот Албион“ oстанаа затворени во хотелот додека силните ветрови и дождот направија прекини во снабдувањето со електрична енергија.

