Фудбалерите на Бразил одиграа нерешено со Мароко 1-1 во првиот меч во групата „Ц“ на Мундијалот во САД, Мексико и Канада иако „кариоките“ беа фаворити на хартија. Нивниот селектор, Карло Анчелоти, направи проценка како се одвиваше мечот.
„Имавме неколку проблеми, тимот не беше избалансиран, губевме многу топки и во тој сегмент мора да бидеме подобри. Во второто полувреме имавме проблеми со одбраната на Мароко“ – рече Анчелоти.
Бразилците во втората рунда ќе излезат на мегдан со Хаити кој на стартот загуби минимално од Шкотска со 1-0.

