Author: dino

Возачот на Вилијамс, Алекс Албон, верува дека неговиот тим ќе биде конкуретен за титулата до 2030 година. „Целта е реална иако ќе бевме среќни да ја постигнеме малку порано. Годинава заостанувавме од самиот почеток но, сакам да го видам напредокот на тимот“ – рече Албон. „Можеби направивме чекор назад во однос на перформансите но, гледам промени што се случуваат во Вилијамс“ – рече Албон.

Read More

Секој олимписки сон започнува со еден чекор, еден тренинг и верба дека сè е можно. На Олимпискиот ден ги славиме спортистите, нивната посветеност и вредностите кои нè обединуваат – извонредност, пријателство и почит. Денеска им оддаваме признание на сите македонски олимпијци кои низ годините достојно ја претставувале нашата земја на најголемата светска спортска сцена и ги инспирирале идните генерации да сонуваат големи соништа, објави МОК

Read More

Американскиот кошаркар, Ди-Вејн Стјуард Јуниор, ќе биде новиот натурализиран играч на нашиот национален тим. Стјуарт е висок 198 сантиметри и настапува на бековските позиции. Неговата кошаркарска приказна започнува во НЦАА лигата, каде го носеше дресот на Мисисипи Стејт Булдогс, еден од познатите универзитетски програми во САД. Играл и во Цедевита во Европа. Со пристигнувањето на Ди-Вејн Стјуард Јуниор, Македонија добива нов натурализиран репрезентативец, кошаркар со НЦАА, развојно НБА и европско искуство,

Read More

Репрезентативецот на Мароко, Ашраф Хакими, се најде во непријатна ситуација на мечот со Шкотска откако беше исвиркан од страна на навивачите.  Причина за тоа е веста која се појави на само неколку часа пред мечот дека играчот на мароканците е обвинет за силување од страна на францускиот правосуден систем. Во одбрана на дефанзивецот застана неговиот селектор, Мохамед Вахби, кој напомена дека Хакими е значаен дел во играта и дека ја има поддршката од целата земја.

Read More

Легендарниот стопер, Рио Фердинанд, кој на времето играше со Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, се осврна на настапот на Португалија на тековниот Мундијал. „Робeрто Мартинез плати висока цена за одлуката да го стартува Роналдо. Клучот ќе биде како ќе се справи со тоа. Тој треба да биде на терен 30 минути пред крајот на мечот, кога противникот е уморен“- рече Фердинанд за играта на Роналдо. „Мислите дека некому му е грижа кој ќе го подигне трофејот како капитен? Не. Има 41 година, сигурен сум дека и самиот Роналдо го разбира тоа“ – рече Фердинанд.

Read More

„Белата куќа“ размислува за промена на строгите ограничувања за патување наметнати на иранската репрезентација за време на Светското првенство. Според сегашните правила, иранската репрезентација може да влезе во САД само еден ден пред натпреварот и мора да ја напушти земјата веднаш по истиот. Ендру Џулијани, извршен директор на работната група на Светското првенство во Белата куќа, рече дека имало „дискусии“ за распоредот за патување на Иран за третиот натпревар од групата против Египет на 27 јуни во Сиетл.

Read More

Капитенот на Турција, Хакан Чалханоглу, не го криеше разочарување по поразот од Парагвај кој ја отпиша неговата земја од фазата на елиминации на Светското првенство. „Во моментов е многу тешко да се пронајдат вистинските зборови. Напаѓавме, шутиравме, создававме шанси но, топката едноставно не сакаше да влезе во голот“ – рече Чалханоглу. Според најавите, капитенот на Турција веројатно го одигра последниот Мундијал во неговата богата кариера.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на САД, Вестон МекКени, ги пофали домашните навивачи на стадионот во Сиетл откако беше победена Австралија со 2-0 и обезбедено место во нокаут фазата. „Навивачите беа навистина неверојатни. Навистина ме разбудиja слушајќи ги сите како ја пеат националната химна“ – рече МекКeни. „Светското првенство е можност посетителите да видат зошто толку многу ја сакаме оваа земја. Навивачите беа неверојатни и Сиетл беше неверојатен“ – рече американскиот репрезентативец.

Read More

Шпанските медиуми трврдат дека Ламине Јамал не е во посакуваната форма и дека нема да биде во првите единаесет на утрешниот меч со Саудиска Арабија во второто коло на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.  В пресрет на средбата која може да биде и решавачка за „Фуријата“ за пласман во фазата на елиминации, селекторот, Де ла Фуенте, нагласи дека Ламал може да игра еден час без да прецизира дали крилниот напаѓач ќе започне како стартер. Шпанците во првата рунда тотално разочараа откако одиграа без голови со селекцијата на Зеленортските острови.

Read More

Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, по поразот од Австралија и денешниот од Парагвај, вели дека не може да разбере што се случи со неговите избраници пред се во фазата на нападот. „Во фудбалот сум 35 години. Вакви работи обично се случуваат еднаш на 50 години а нам во два натпревари. Имавме 65 шутеви во тие два натпревари . Среќата едноставно не беше на наша страна“ – вели Монтела. Неговата репрезентација во последното коло ќе игра против домаќинот селекцијата на САД која си обезбеди место во разигрувањето.

Read More