Селекторот на Турција, Винченцо Монтела, по поразот од Австралија и денешниот од Парагвај, вели дека не може да разбере што се случи со неговите избраници пред се во фазата на нападот.
„Во фудбалот сум 35 години. Вакви работи обично се случуваат еднаш на 50 години а нам во два натпревари. Имавме 65 шутеви во тие два натпревари . Среќата едноставно не беше на наша страна“ – вели Монтела.
Неговата репрезентација во последното коло ќе игра против домаќинот селекцијата на САД која си обезбеди место во разигрувањето.

