Шпанските медиуми трврдат дека Ламине Јамал не е во посакуваната форма и дека нема да биде во првите единаесет на утрешниот меч со Саудиска Арабија во второто коло на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
В пресрет на средбата која може да биде и решавачка за „Фуријата“ за пласман во фазата на елиминации, селекторот, Де ла Фуенте, нагласи дека Ламал може да игра еден час без да прецизира дали крилниот напаѓач ќе започне како стартер.
Шпанците во првата рунда тотално разочараа откако одиграа без голови со селекцијата на Зеленортските острови.

