Author: dino

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши историскиот настап на терените на англискиот – „Вимблдон“. Таа денеска во нејзиниот прв меч на еден од четирите Грен слем турнири, загуби од минатогодишната финалистка, Аманда Анисимова. Американката доминираше во сите сегменти и за околу 1 час и десетина минути успеа да победи со 2-0 по сетови 6-3 и 6-2. Ќе потсетиме дека Ѓорческа влезе на главниот дел по трите победи во квалификациите против Анхела Фита Болуда од Шпанија, Португалката, Франциска Жорге и Лаура Бронцети од Италија.

Read More

Селекторот на Парагвај, Густаво Алфаро, вели дека неговите избраници станаа херои откако ја елиминираа моќната Германија по изведувањето на пенали. „Никогаш не веруваме дека ќе бидеме поразени. Дваесет и шест воини излегоа на теренот и се вратија како легенди“ – рече предводникот на Јужноамериканскиот состав. „Знаевме дека ќе биде многу тешко, ќе има моменти кога ќе имаме проблеми но, сакавме да останеме фокусирани до крајот и да се бориме“, додаде Алфаро.

Read More

Шпанскиот возач на Формула 1, Карлос Саинц, проговори за проблемите на тимот Вилијамс во сезоната 2026. „Имаме буџет и инвестиции во многу области. Надежта со најновите промени во регулативите не беше целосно да се намали разликата со водечкит “ –рече Саинц. „Тимот инвестираше многу во инфраструктура, но, голем дел од работата лежи во процесите, ефикасноста и методите на работа“, рече Саинц.

Read More

Голманот на Германија, Мануел Нојер, се проби на првото место по бројот на настапи на Мундијалите кога станува збор за неговата позиција. Тој го помина на вечната листа Французинот, Уго Лорис, кој имаше дваесет настапи на светските шампионати. Нојер постави и уште еден рекорд на вчерашниот меч со Парагвај. Чуварот на мрежата го одигра 23-от натпревар како стартер за Германија со што ги надмина легендите, Лотар Матеус и Мирослав Клосе, кои на 22 средби истрчаа во првите единаесет.

Read More
NBA

Центарот на Портланд, Роберт Вилијамс, сака да си замине од екипата за да добие договор од најмалку 15 милиони долари, објави Џејсон Квик од „The Athletic“. Според него, Вилијамс се надева дека ќе заработи многу повеќе од тоа што му е загарантирано. Кошаркарот во изминатата сезона одигра 59 натпревари, со просек од 6,7 поени, 7 скока и 1,5 блокади.

Read More
NBA

Рускиот кошаркар во редовите на Бруклин, Јегор Демин, ќе игра во Летната лига на НБА, која ќе се одржи од 9 до 19 јули во Лас Вегас. „Навистина се радувам на натпреварите; помина многу време откако имавме вистински пријателски натпревар“ – рече Русинот. „Играме на тренинзите но, настапот против други противници е сосема поразлично искуство“, – сподели дефанзивецот на Бруклин.

Read More

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, по елиминацијата од Мундијалот, рече дека нема намера да поднесе оставка и дека им останува достапен на челниците од Федерацијата. „Не сум од луѓето што бегаат од одговорност, тоа е сосема исклучено“ – потенцираше предводникот од клупата на „панцирите“ по сензационалната елиминација од Парагвај по изведувањето на пенали. Младиот стратег во 2023 година ја презеде селекцијата на Германија.

Read More

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, вели дека и дава поддршка на нашата Лина Ѓорческа која влезе на главниот дел на Вимблдон„Да, го испратив нејзиниот настап од пред два дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис. Се надевам дека ќе може да им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на луѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека е се можно“ – вели Ѓоковиќ.Србинот најави дека размислува да дојде во Македонија и да организира настан заедно со Лина и Калин Ивановски.

Read More

Напаѓачот на египетската фудбалска репрезентација, Мохамед Салах, се повреди на натпреварот против Иран одигран во последното коло во групната фаза. 34-годишниот ветеран беше заменет во 57-та минута. Египќаните на крајот завршија втори во Групата Г и се пласираа во елиминацискиот дел во кој ќе се соочат со Австралија. Техничкиот директор на Египет, Хосам Хасан, потврди дека капитенот Салах се пожалил на болки во тетивата и дека ќе мора да оди на дополнителни медицински прегледи.

Read More

Поранешниот португалски играч од средниот ред, Нани, проговори за неговиот сонардоник, Кристијано Роналдо, кој е единствениот фудбалер кој постигнал гол на шест Светски првенства. „Тоа што го прави Кристијано е неверојатно. Не е изненадување за мене. На секој натпревар на кој игра, се случува нешто ново: нов рекорд, нов гол. Тој е победник. Тој е пример за сите што го сакаат фудбалот“ – рече Нани. „Затоа треба да му честитаме и да продолжиме да ја поддржуваме неговата игра сè додека не одлучи да се пензионира. Тој е еден од најголемите фудбалери во историјата“ – рече Нани.

Read More