Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го заврши историскиот настап на терените на англискиот – „Вимблдон“.
Таа денеска во нејзиниот прв меч на еден од четирите Грен слем турнири, загуби од минатогодишната финалистка, Аманда Анисимова. Американката доминираше во сите сегменти и за околу 1 час и десетина минути успеа да победи со 2-0 по сетови 6-3 и 6-2.
Ќе потсетиме дека Ѓорческа влезе на главниот дел по трите победи во квалификациите против Анхела Фита Болуда од Шпанија, Португалката, Франциска Жорге и Лаура Бронцети од Италија.

