Фудбалерот од средниот ред на САД, Вестон МекКени, ги пофали домашните навивачи на стадионот во Сиетл откако беше победена Австралија со 2-0 и обезбедено место во нокаут фазата.
„Навивачите беа навистина неверојатни. Навистина ме разбудиja слушајќи ги сите како ја пеат националната химна“ – рече МекКeни.
„Светското првенство е можност посетителите да видат зошто толку многу ја сакаме оваа земја. Навивачите беа неверојатни и Сиетл беше неверојатен“ – рече американскиот репрезентативец.

