Швајцарскиот дефанзивец, Мануел Аканџи, беше задоволен од победата против Босна и Херцеговина. Тој призна дека фудбалерите што влегоа од клупата ја направија разликата.
„Моравме да ја задржиме смиреноста особено кога го започнавме второто полувреме. Кога доминирате во ваков натпревар и создавате шанси, брзо станувате премногу офанзивни“ – рече Аканџи.
„Резервните играчи направија огромна разлика за нас. Подобривме многу работи. Потребно е сите да продолжат да работат напорно“ – вели стоперот.

